Муцунски на средба со Купер, потврдена заложбата за јакнење на партнерството

Министерот Муцунски ја нагласил посветеноста на Владата кон спроведувањето на Договорот Влада со Влада, како и интересот за натамошни заеднички активности насочени кон привлекување британски инвестиции и дополнително зајакнување на економската соработка.

„Во таа насока, беше разговарано и за следните чекори во развојот на стратешкиот дијалог меѓу двете земји“, пишува во соопштението.

На средбата станало збор и за коридорите 8 и 10 како проекти од инфраструктурно и стратешко значење, при што соговорниците разговарале и за прашања поврзани со регионалната и европската стабилност и безбедност.

Притоа, како што дополнуваат од Министерството, тие размениле мислења и за важноста на соработката и партнерството во рамките на НАТО, актуелните глобални безбедносни предизвици, војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content