Муцунски: Проширувањето на ЕУ мора да остане процес заснован на заслуги и јасни критериуми

„Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, јасни правила и објективни критериуми. Кредибилитетот на Европската Унија зависи од нејзината способност да остане доследна на принципите и ветувањата врз кои е изградена“, објави Муцунски на фејсбук.

Шефот на макеоднската дипломатија истакнал и дека е потребна нова политичка енергија во процесот на проширување.

„Во услови на засилени геополитички предизвици, Западниот Балкан не смее да остане на маргините, туку треба да биде составен дел од европската визија за безбедност, стабилност и просперитет. Во пресрет на ирското претседавање со Советот на ЕУ, ја поздравив континуираната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување и на европската перспектива на регионот. Европа останува наш стратешки избор, а полноправното членство во Унијата наша јасна и непроменета цел“, нагласил Муцунски во обраќањето на Институтот за меѓународни и европски работи ИИЕА во Даблин, одржано во рамки на неговата работна посета на Ирска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content