Ангелов: ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ – ДУИ ЌЕ ОДИ ВО ЌОШ

74

На таблата е нацртана една маса. Околу масата седат и разговараат 10 македонски граѓани. Од нив само 2,5 се Албанци. Останатите 7,5 лица се Македонци и други наши сограѓани. Од оние пак 2,5 Албанци максимум еден е од ДУИ. Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен и без него останатите 9 лица од масата не смеат да донесат било каква одлука, вака реагира лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов по вчерашната изјава на Османи дека ДУИ морале да се во влада за да има Бадентерово мнозинство.

Овојпат коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски силно ќе удри на масата и тој едниот Албанец од ДУИ ќе го испрати да стои во ќош додека мнозинство од останатите 9 лица кои седат на истата маса не одлучат што понатаму со иднината на Македонија.

Притоа тој од ќошот ќе треба да даде одговор на повеќе, за него непријатни прашања, а одговорите на некои од нив ќе треба да ги даде во соодветни институции кои овојпат нема да бидат предводени од лица на кои им седат врз глава.

Ух, наместо да нацртам еден цртеж како Бујар, јас се зацртав и од моето цртање може да се направи краток но поучен стрип, напиша Ангелов.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content