СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Средба на градоначалникот Борче Јовчески со амбасадорот на Унгарија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески , вчера во својата канцеларија оствари работна средба со унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс.

Тие разговараа за продлабочување на соработката меѓу Општина Прилеп и Унгарија, како земја пријател на нашата држава и размена на искуства во областа на културата и економијата.

“Попладнево, остваривме средба со Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Г-дин Ласло Дукс, каде што разговаравме за продлабочување и подобрување на соработката на Општина Прилеп со Амбасадата на Република Унгарија. Унгарија како земја членка на ЕУ е наш иден партнер каде што взаемните соработки ќе ги остваруваме постојано. Во наредните четири години како градоначалник на Општина Прилеп ќе овозможам комплетна соработка понудувајќи му ги сите благодети каде што културниот и економскиот просперитет ќе најдат свое место.“, рече градоначалникот Јовчески.

Градоначалникот Јовчески заедно со амбасадорот Дукс претходно ја посетија ликовната изложба во ЦК „Марко Цепенков“ насловена како „Унгарски културен мозаик“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content