СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Еврозоната зимава влегува во рецесија

Европската комисија ја намали својата прогноза за економскиот раст на Европската унија следната година, констатирајќи дека 19-те земји кои го користат еврото ќе влезат во рецесија во текот на зимата бидејќи високата инфлација трае подолго од очекуваното, а високата потрошувачка и трошоците за греење ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите.

Новата прогноза на ЕК предвидува пад на економското производство во последните три месеци од оваа година и првите месеци од 2023 година, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.

Се вели дека високите цени на енергијата, зголемените трошоци за живот, повисоките каматни стапки и целокупната несигурност се очекува „да ги втурнат ЕУ, еврозоната и повеќето земји-членки во рецесија во последниот квартал од годината“.

Прогнозата за раст за целата 2023 година е намалена на 0,3 отсто, од 1,4 отсто што се очекуваше во претходната прогноза од јули.

-Растот се очекува да се врати во Европа на пролет, бидејќи инфлацијата постепено ја олабавува контролата врз економијата, се вели во извештајот.

Најлош резултати следната година најверојатно ќе има Германија, најголемата европска економија и една од најзависните од рускиот природен гас пред војната во Украина.

Цените на гасот и електричната енергија пораснаа бидејќи Русија го намали снабдувањето за Европа на дел од она што беше пред инвазијата на Украина.

Се очекува Германија да доживее пад на производството од 0,6 отсто во текот на следната година.

Инфлацијата ќе достигне врв подоцна од очекуваното, кон крајот на оваа година, и ќе ја подигне просечната стапка на 8,5 отсто во 2022 година и 6,1 отсто во 2023 година во еврозоната.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content