СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Патувањето во земјите на ЕУ ќе биде можно со било која вакцина

Дигиталните зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, порачано е од Брисел.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс, во дебатата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, вели дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување на начин кој е прилагоден на здравствената ситуација.

Тој во Европскиот парламент рече дека сите граѓани на ЕУ ќе добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и дека ќе се издадат потврди за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од ЕМА или не.

 

Во Брисел, нагласуваат дека дигиталните сертификати не се „пасоши за вакцинација“, туку дека тие подразбираат три вида на сертификати што ќе бидат издадени во дигитална или хартиена форма и ќе се однесуваат на доказ за вакцинација против ковид-19, негативен тест или доказ за постоење на антитела.

Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, дека планот е да стапи на сила до почетокот на летото и дека тие ќе бидат суспендирани кога СЗО ќе означи крај на пандемијата.

Предлогот на Европската комисија да воведе дигитални зелени сертификати, треба да биде поддржан во Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content