СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Мајкрософт купува компанија за вештачка интелигенција

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ најави аквизиција на компанија за вештачка интелигенција и технологија за говор „Нуанс Комуникација“ за околу 16 милијарди долари, поради побарувачката за онлајн здравствени услуги во времето на пандемија.

Двете компании влегоа во партнерство во 2019 година за автоматизирање на административната работа во медицинскиот сектор, а аквизицијата објавена вчера ја сигнализира амбицијата на Мајкрософт да се прошири во сектор кој доживува забрзана дигитална трансформација поради пандемијата на коронавирус.

Давателите на здравствени услуги инвестираат многу во технологијата за подобрување на продуктивноста и дигиталното здравство, посочува Ројтерс.

 

„Аквизицијата директно ќе ја вметне нашата технологија во комуникацијата лекар-пациент, што е клучна за сите здравствени услуги и ќе ја прошири нашата лидерска улога во спроведувањето на АИ во компанијата и биометриската безбедност“, рече извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела.

Nuance е позната по пионерската технологија за говор и учеството во проектот виртуелен асистент на Apple’s Siri. По промената на деловната стратегија и продажбата на помалку профитабилни делови од бизнисот, компанијата се фокусира на здравствената заштита и деловната ВИ.

Компанијата вели дека работи со 77 проценти од болниците во САД, давајќи услуги за клиничко препознавање говор, медицинска транскрипција и медицински слики. Работи во 28 земји и ја завршиле фискалната 2020 година со приходи од 1,5 милијарди долари.

Нуанс генерирал две третини од своите приходи од работењето во здравствениот сектор.

По склучувањето на трансакцијата, Nuance ќе биде втора аквизиција на Microsoft по вредност, по LinkedIn за која издвои 26,2 милијарди долари во 2016 година. Кога е вклучен нето-долгот на Nuance, вкупната вредност на готовинската трансакција се проценува на 19,7 милијарди долари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content