СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Две лица со голф паднаа во река во Прилеп – Еве во каква состојба се патниците

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 13:11 часот на бројот за итни ситуации 112 е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.

– Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени – соопштуваат од ЦУК.

На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екиа од Полициската станица Прилеп.

Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено, но било надвор од животна опасност.

Конкретно, ЦУК има информација од МВР Прилеп дека ангажираните екипи од Системот за управување со кризи (СУК) се уште се на терен и е повикана „шлеп“ служба за извлекување на возилото.

– Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“ – се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content