СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп бара одговори од Пачешкоски

Билјана Кузманоска од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција своите обвинувања ги упати кон Зоран Пачешкоски и побара тој да одговори пред јавноста кое е лицето со иницијали И.Ј кое се споменува во кривичната пријава.

Соопштението го пренесуваме во целост.

Со кое лице Зоран Пачешкоски излегува и зборува за некаков криминал? Како да подзаборавил дека потекнува од редовите на СДСМ, партијата, која врши класичен политички прогон и злоупотреба на институции, особено партизираното МВР, за политичка пресметка, а воедно партија која ја тресат низа кривични скандали поврзани со нејзини членови и поранешни раководни лица на значајни позиции.

Зоран Пачешкоски да одговори пред јавноста кое е лицето со иницијали И.Ј кое се споменува во кривичната пријава? Дали станува збор можеби за поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски? Дали Зоран Пачешкоски ќе одржи уште една прес конференција овој пат пред седиштето на СДСМ во Прилеп со полна уста зборови за криминал, криминалци и злосторничко здружување?

Кога веќе е толку заинтересиран за правда и одговорност, нека одржи уште една прес конференција пред обвинителството во Прилеп, и нека праша до каде е постапката со неколкуте кривични пријави против поранешниот градоначалник Илија Јованоски и против некои други негови сопартијци кои беа на раководни позиции во Прилеп? Нека праша што се случува со пријавите, дали се постапува по нив, или пак намерно се чуваат во фиока затоа што тоа не и’ oдговара на и онака нискиот рејтинг на централната власт предводена од СДСМ?

Како да подзаборавил дека Прилеп е претворен во град на мафијата, каде се пресекуваат канали со дрога, се практикува насилство на секој чекор, каде безбедноста на граѓаните е на најниско можно ниво. Нека одговори кои се лицата кои се споменуваат во последните случувања и дали можеби тие се негови сопартијци или лица блиски до СДСМ?

Зоран Пачешкоски како да заборавил на пресумпцијата на невиност која е една од правните темели според која, секој осомничен или обвинет за кривично дело, се смета за невин се додека со правосилна судска одлука не се докаже дека е виновен. За ваквото намерно замајување на јавноста со лаги и клевети без донесена правосилна пресуда и докажано сторено дело, ќе си сноси одговорност и ќе добие тужба за клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат на протестот на 18 Јуни пред Владата каде ќе бараме промена на централната власт и ослободување на правосудството, по што ќе следи одговорност за секој еден кој се огрешил пред законот без разлика на политичката припадност. Монтираните случаи со кои сакаат да не замолчат ќе станат минато. Правда мора да има и ќе има за сите!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content