СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Каменковци” од ООУ „Блаже Конески” ја освоија гран-при наградата на карневалот „Прочка 2023”

Под водство на наставничката Весна Арсиќ, учениците од петто-3 одделение од ООУ „Блаже Koнески” ја освоија гран-при наградата за најдобра маска на карневалот во Прилеп.

– Секој период од човечкиот живот се разликува, но секој е посебен на свој начин! Сликајќи го животот во камено време од гледна точка на припадниците на работничката класа и нивните семејства, животот е различен, но музиката, играта, интригите, се провлекуваат низ времето.

Предметите од нашето секојдневие се претставени од малку поинакво (камено) гледиште. Но, едно е исто, борбата за живот, опстанокот!

Нашата порака е следна: “Никогаш материјалното пред духовното, никогаш себичноста пред пријателството”. Луѓе, не има многу, но предизвик е да се биде човек! Останува да играме, пееме, да живееме со полни гради- гласи пораката на оваа маска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content