СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Фатени 51 пијан возач на територијата на СВР Битола – Половина од нив во Прилеп

Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 51 возач (26 во Прилеп, 10 во Битола, 5 во Македонски Брод, 4 во Ресен, по 3 во Крушево и Демир Хисар). За време на контролата биле санкционирани и 49 други видови прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат од СВР Битола.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content