СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

СВР Скопје со првични детали за инцидентот со прободеното дете кај „Мавровка“

Првична информација е дека во 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е пронајдено повредено машко лице, велат од таму за „Република“ во врска со меѓусебната расправија меѓу тинејџери која завршила со ножеви.

Лицето со повреди е пренесено во ГОБ „Наум Охридски“. Во тек е увидот, велат од СВР Скопје најавувајќи повеќе информации за подоцна.

Според неофицијалните информации на „Република“ станува збор за меѓусебна расправија која завршила со прободен малолетник, роден 2007 година. Инцидентот бил пријавен од случаен минувач.

Полицијата веднаш реагирала и сторителот бил фатен.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content