СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Пијано вечер во ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп

На 24 април 2023г. /понеделник/ од 19.00 часот во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Пијано вечер со пијанистите Илија Иваноски и Денис Најдоски.

На програмата се дела од П.И. Чајковски, А. Дворжак и Ј. Брамс.

Податоци за пијанистите:

Илија Иваноски

Илија Иваноски, oсновно музичко училиште завршува во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”- Прилеп, во класата по пијано кај проф. Наде Стојкоска. Средно музичко училиште се запишува во “ДМУ”- Битола (2009), отсек пијано во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева-Белевска. Своите студии по пијано ги продолжува на “ФМУ”- Скопје (2013), во класата на проф. м-р Тодор Светиев, каде што се здобива со диплома дипломиран пијанист. Учествувал на голем број натпревари по пијано и камерна музика (државни и меѓународни); семинари, од кои може да се издвои соработката со Јури Кот (Украина). Од 2017г. e професор по пијано во ООМУ “Ордан Михајлоски-Оцка”-Прилеп.

Денис Најдоски

Денис Најдоски, завршува основно музичко училиште во Прилеп во класата на наставник Михајло Стојкоски. Во 2006 година своето образование го продолжува во класата на м-р проф. Снежана Анастасова – Чадиковска во ДМБУЦ „ ИлијаНиколовски – Луј“ Скопје. Во 2015 г. со висок просек дипломира на ФМУ – Скопје во класата на м-р проф. Рита Трпчева-Поповиќ. За време на неговото школување како солист настапува на голем број државни и меѓународни натпревари каде што освојува значајни награди и признанија. Има реализирано концерти во земјава и странство, а учествува на на семинари кај врвни пијанисти од Македонија, Србија, Швајцарија, Словенија, Русија. Покрај солистичките настапи редовно настапува и како член на камерни состави ( дуоПијано ) од кои се издвојуваат – лауреат на државен натпревар по камерна музика, концерти на Скопско Лето, Есенски музички свечености и многу други. Од 2015 год. работи како професор по пијано и корепетиција. Неговите ученици земаат редовно учество на голем број концерти и натпревари, каде што постигнуваат значајни резултати во земјава, но и во странство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content