СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Вредни ваучери во “Авто Контрол” и “Уни Ројал” за клиентите

Од среда 15-ти номеври започнува задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата, а ова е последно предупредување до сите учесници во сообраќајот да ги проверат своите пневматици и реагираат навреме. Ако досега оваа законска обврска сте ја обавувале само со цел да ги избегнете паричните казни, оваа година за прв пат направете го тоа водени од мислата колку човечки животи ќе заштитиме, ако сите се придржуваме до законски предвидените норми за безбедност во сообраќајот.

Водени од таа мисла, а со цел да ја продолжат мисијата за превенција против незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата во сообраќајот, компанијата “АВТО КОНТРОЛ”, како една од компаниите која важи за пример за општествена одговорност, во соработка со “УНИ РОЈАЛ”, на сите свои клиенти при регистрација на возилата, ќе им подари ваучер во вредност од 1.000ден. за набавка на четири пневматици во “УНИ РОЈАЛ”.

Од друга страна пак, “УНИ РОЈАЛ”, при користење на одредени услуги од својот асортиман, на своите клиенти ќе им подари ваучер во иста вредност, кој ќе можат да го искористат при регистрација на своето возило.

Инаку ова не е прв пат “АВТО КОНТРОЛ” да застане на првата линија, кога во прашање е грижата за безбедноста на возачите и сите учесници во сообраќајот. Компанијата во безброј наврати, самостојно, но и во соработка со останати фирми и државните органи, организираше предавања, превентивни активности, делење на флаери со едукативна содржина и слично. Во една прилика генералната менаџерка на компанијата, Даниела Перканоска, рече:

-Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот, и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој културата во сообраќајот ќе има водечко место. Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да допринесеме за безбедно учество во сообраќајот.

Искористете ја оваа можност, бидете совесни и одговорни возачи, затоа што ниту една сума пари платена платена за нови пневматици и исправност на вашите возила, не е поскапа од изгубен човечки живот. Нека почитувањето на сообраќајните правила и прописи стане наша навика, и сите заедно да придонесеме во промовирање на истите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content