СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Потребна ни е акција против корумпираните судии, вели Црвенковска

„Активностите против црвкорупцијата повеќе не може да останат само на хартија и да се архивираат, нам ни е неопходна акција, делување кое ќе го натера Судскиот совет да создава услови со кои ќе направи одговорни судии имуни на поткуп, делување кое целиот судски систем ќе го постави поинаку и нема да остави простор корупцијата да ја одредува правдата“, рече претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска.

На тркалезната маса „Програма за превенција и следење на корупцијата во судството”, Црвенковска потсети дека голем дел од граѓаните немаат доверба во судскиот систем затоа што знаат, мислат или почувствувале на своја кожа дека некои судии се корумпирани.

„Тоа го срозува судството и не смее да нѐ остави неми посматрачи на ваквиот процес”, нагласи таа и се заложи без исклучок, правдата да мора да произлезе од фактите и доказите низ транспарентна и фер постапка со пресуди ослбодени од секаков вид влијанија, „вклучително и на оние од центрите на моќ кои со корупција ја загрозуваат правдата“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content