СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот важат и за пазарите

И за пазарите важат замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, рече денес министерот за економија, Крешник Бектеши. Контролите ќе ги прават инспекторите од Државната пазарна инспекција заедно со полиција и УЈП, а ќе се казнува по сите основи.

„Државниот пазарен инспекторат, по донесувањето на најновата одлука за замрзнување на цените, ќе настапи координирано со другите институции, УЈП, МВР, и заеднички ќе ги врши контролите со сите надлежни институции, Доколку немаат дејност, има санкција за вршење дејност за која не се регистрирани“, рече Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Министерот Бектеши дополни дека по последното замрзнување на цените, во контролите ќе се вклучи и Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Сите служби се задолжени да прават засилени контроли, и тоа за сите надлежности. Ги повикавме и од Комисијата за заштита на конкуренцијата оти има производители и увозници што покриваат 70-80 % од нашиот пазар, па затоа ги вклучивме. Убеден сум дека нашите трговци ќе ги почитуваат мерките, веќе имаме искуство со претходните мерки, кои во 90 отсто се почитуваат, а зборуваме за мерка, која ќе трае само 25 дена“, рече министерот Бектеши.

Бектеши објасни дека замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на април оти на почетокот на мај очекува веќе домашното производство да стаса на пазарот и конкуренцијата да ги намали цените.

Владата денес соопшти дека свежите домати не може да се продаваат за повеќе од 70 денари, свежите краставици не може да се продаваат повеќе од 75 денари, кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, карфиолот не може да се продава повеќе од 70 денари, зелените пиперки не може да се продаваат повеќе од 90 денари, гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата не може да се продава повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 75 денари, портокалите не повеќе од 55 денари, мандарините не повеќе од 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари за килограм.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content