СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Грозоморно сценарио: Се трага по ПАЛЧО – нарачател на ликвидациите на малата Вања и Велешанецот Панче

Институциите трагаат по лицето ЉП, познат како Палчо, во врска со двете убиства: на малата Вања и 74 годишниот Панче Жежов од Велес, дознава Вечер.мк од извори во истрагата.

Потерницата по него е распишана откако сторителите на убиството во истрага го признале делото – убиството на Вања и Панче од Велес.

Вториот извршител од групата пет осомничени е лицето со иницијали ВМ од Велес. Тој исто така го признал делото и деталите од извршувањето.

Имено, член на семејството на Вања и 74 годишниот човек од Велес му должеле одредена сума на пари на лицето ЉП, познат како Палчо, кој од пред неколку денови избегал во правец на Турција, дознава Вечер.мк од извори во МВР.

Скопје 1 објави дека убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.

Станува збор за група од пет лица кои се осомничени. Тројца се спроведени во Кривичен суд. На нив ќе им биде определен притвор, кој ќе го издржуваат во затворот „Скопје“ во Шутка.

Претходно, Обвинителството сподели детали.

„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од Обвинителството.

Во моментов екиопи на МВР и обвинителство вршат претреси во повеќе партиски простории на партијата на лицето ЉП викан Палчо, односно движењето “Трета“, односно партијата “Десна“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content