СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Џафери во вторник ќе биде домаќин на бугарскиот претседател Желјазков

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Северна Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content