СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Разбојникот кој со автомат ограби казино во Лешок е полициски службеник

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил полициски службеник, информираат од МВР за МКД.мк.

„Станува збор за полициски службеник. Случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а преземени се мерки и од Одделот за внатрешна контрола и ќе биде изготвен извештај, предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и за мирување на работното место до завршување на постапката“, велат од МВР за МКД.мк.

Според тетовското обвинителство, сомничениот маскиран со фантомка, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content