Tyтyнapите длабоко навpeдени и понижени

0

Тие се сомневаат дали оваа исплата и навистина ќе се случи, но и велат дека предвидената сума крајно ги навредувала и понижувала, бидејќи нивните математики покажувале дека таа била само мачкање очи за кражбата што им се прави со досегашниот откуп.

„Тоа е некаде 10 до 12 денари. Е сега, колку се тие 10 до 12 денари помош за некој што си го опљачкал буквално до гола кожа, не можам да разберам. Тоа е исто како на некој да му ја пресечеш цела десна нога и потоа да му го дадеш малото прсте и да му кажеш, еве ова ти остана од ногата, и да очекуваш тој човек дури да биде фудбалер. Мислам дека е понижувачко, во секој случај“, изјави за Алфа, Васко Јосифовски, тутунопроизводител од Могила.

 

Од друга страна пак, на само дваесетина дена пред законскиот крај на годинашниот откуп, состојбата на откупните пунктови, била повеќе од очајна. На тутунарите им се враќал и по цел род, и тоа без да бидат отворени картоните за да се процени квалитетот.

Инаку, годинашниот договорен род тежи околу 25 милиони килограми тутун, а заедно со вишокот околу 30 милиони. Од договорените количини откупени се околу 70 проценти, а додека за вишокот тутун од 5 милиони килограми, откупот не е ни започнат.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content