СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Oд први јули се активира штрајкот ако Бочварски не ги исполни барањата за експресниот пат Градско – Прилеп

Денеска во изјава за медиуми Павле Димов, советник во Општина Росоман од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го потсети министерот за транспорт и врски што имал ветувано во Сирково, дека токму ова село ќе добие клучка за експресниот пат Градско – Прилеп.

„Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука”, појасни Димов.

Димов додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого.

„Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско – Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба”, нагласи Димов.

Димов нагласи – „Ние санација не прифаќаме. Значи оттука би ги повикал надлежните од Општината да го повикаат министерот да дојде бидејќи ние од први јули повторно ќе го активираме овој штрајк”.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content