Google официјално ја стартуваше мрежата Find My Device за Android

27

Технологијата користи здружена мрежа од повеќе од милијарда уреди со Android за да им помогне на луѓето да ги пронајдат своите изгубени гаџети со основна функционалност во согласност со сличните функции што ги нудат Apple и Tile. Find My Device стана достапен за корисниците во САД и Канада, а наскоро пристигнува и до корисниците ширум светот.

По инсталацијата, апликацијата ќе може да се користи за лоцирање на компатибилни мобилни телефони и таблет уреди, кои го користат оперативниот систем Android. „Изгубениte“ уреди ќе се огласат по командата на корисникот, а нивната локација ќе се појави на мапата. Оваа функција ќе биде овозможена дури и кога уредите се офлајн. Паметните телефони на Google, Pixel 8 и Pixel 8 Pro ќе се појавуваат на мапата дури и кога се исклучени или кога батеријата е целосно празна, што звучи многу практично.

Технологијата сè уште не е достапна за секојдневниte производи, но и тоа ќе пристигне наскоро. Bluetooth tracker таговите од Chipolo и Pebblebee ќе бидат интегрирани во апликацијата Find My Device во мај, овозможувајќи им на корисниците да лоцираат речиси сè, вклучувајќи клучеви од автомобил, чанти, паричници, а можеби дури и домашни миленици. Претстојните ознаки се произведуваат специјално за мрежата.

Понудите на Pebblebee вклучуваат ознаки, клипови и тенки картички за паричници, а ќе бидат достапни кон крајот на мај или почетокот на јуни. Chipolo произведува верзии на своите One Point и Card Point тракери за Android уредите и тие ќе бидат достапни во мај. Од Google велат дека повеќе тракери доаѓаат оваа година, вклучувајќи производи од брендовите Motorola и Eufy.

Услугата Find My Device на Google е интегрирана со гаџетите за паметни домови на Nest. Ако изгубите нешто во вашиот дом, апликацијата Find My Device ќе ви ја покаже локацијата на таа ставка во однос на постоечките уреди Nest. Тоа би требало да понуди „лесна референтна точка“ за пронаоѓање изгубени предмети.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content