Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во посета на Прилеп

54

Преку средба во прилепската локална самоуправа и отворање теми од сите сфери на живеењето во градот, а потоа со посебни средби со повеќе заедници, британската амбасадорка Рејчел Галовеј ја почна дводневната посета на Прилеп.

Отворајќи повеќе теми и најавувајќи средби, амбасадорката Галовеј изјави дека впечатливо е што посебно се обрнува вниманите на ранливите категории граѓани и лицата со посебни потреби каде е можна идна соработка.

 

Многу ми е драго што можевме да разговараме за работата на општината, за тоа како се справува со моменталната ситуација со Ковид-19. Многу ми е драго и воодушевена сум што општината работи со најранливите категории граѓани и се надевам на идна соработка со градоначалникот и со општината на овие важни теми. Ќе ја искористам оваа дводневна посета на Прилеп да се видам со претставници на локалните бизниси и некои бизниси кои имаат и британски сопственици, со советници на општината, невладини организации, со парламентарни претставници, изјави амбасадорката Галовеј.

Амбасадорката Галовеј ќе го посети ОУ „Блаже Конески“ каде се спроведуваше проект „Училишта на 21 век“ поддржан под Британскиот совет во земјава.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, престојот на амбасадорката Галовеј е од големо значење, а градот ги нагласи повеќето активности овој период во услови на пандемијата, како и грижата за лицата со посебни потреби.

Посебно разговараме за најранливите категории граѓани, лицата со посебни потреби, особено што го отворивме Дневниот центар за деца со церебрална парализа, а ги проширивме просториите за Дневниот центар за лицата со посебни потреби преку здружението „Порака“. Инаку, во овој момент е јавната набавка за пристапни рампи до сите училишта за лицата со посебни потреби. Како позитивен пример е дека при реновирањето на булеварот се поставени„тактилни плочи“, ретки во државава. Посебно за да се споменат се општествено одговорните компании кои направија 120 000 заштитни маски и повеќе од 1000 визири. Ќе ја претставиме работата на советниците во општинскиот совет и каков е односот на оние од позицијата со опозицијата, изјави Јованоски.

Денеска напладне во салата на општинското собрание, Британската амбасада  пред заинтересираните прилепчани ги презентираше  Чивнинг стипендиите кои се поддржани од Британската влада. Стипендиите се отворени за сите македонски граѓани кои се заинтересирани да студираат едногодишни постдипломски студии на кој било универзитет во Велика Британија.

Амбасадорката Галовеј денеска ќе има средба со новинарите во Прилеп, а утре ќе го посети манастирот Трескавец.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content