СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Запленети марихуана и стебла канабис во Прилепско, дилерот притворен

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Н. (53) од Прилеп поради Неовластено производство и продажба на дрога.

По добиени оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со нелегално производство и пуштање во промет на опојна дрога марихуана, на 02.09.2020 со Наредба за претрес на дом и други простории извршени се претреси во домот на пријавениот во Прилеп и во викенд куќата во место викано „Кишовица“. При извршените претреси, во викенд куќата и во дворот се пронајдени марихуана и 59 стебла Канабис.

Судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп на Т.Н. му определи мерка притвор од 30 дена.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content