СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Следната недела ОДЛУКА дали ќе продолжи мерката за ослободување од работа за хронично болните

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа најави дека на почетокот на следната недела ќе биде донесена одлука дали ќе продолжи да важи мерката за родителите на деца кои сега се ослободени од работа и за хронично болните. Во следните денови за ова ќе биде отворена дискусија во Комисијата за заразни болести и оти одлука може да се очекува на почетокот на следната недела.

– Тоа беше одлука за родители на деца заради тоа што се затворија градинките и училиштата, вклучително и за луѓето кои се хронично болни за кои се уште важи мерката. Меѓутоа во следните денови ќе отвориме дискусија најпрво во Комисијата за заразени болести според проценката на ризик во сегашната ситуација на епидемијата и на почетокот на следната недела ќе донесеме одлука дали тоа ќе продолжи да важи или не. Секако дека еден од факторите што ќе се земе предвид е и отворањето на градинките. Тука зборувам за категоријата на родители на деца до 10 години чии деца ќе можат да одат во градинка. Значи, нова одлука и соодветна препорака ќе дојде на почетокот на следната недела, изјави Филипче.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content