СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Колицијата Вреди  обвини дека началникот на СВР Тетово, Шефик Бајрами во текот на денешниот изборен ден го избркал советникот на министерот, кој со допис бил назначен од министерот да се грижи за безбедноста на изборниот процес.

– Иако според Пржинскиот договор за формирање на техничка влада, изборите се организираат во координација меѓу функционерите на партиите од власта и опозицијата, началникот на СВР Тетово тоа не го почитува. Го прекршува законот со одбивање на секоја писмена наредба на министерот за внатрешни работи. Тој денеска во штабот на СВР Тетово го избркал советникот на министерот кој со допис бил назначен од страна на министерот и да биде дел од штабот, за да се грижи за безбедноста на изборниот процес – соопштија од Вреди на прес-конференција.

Од коалицијата тврдат дека Бајрами ја зел писмената наредба, го сликал советникот, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба сите полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот.

„Тогаш Шефик Бајрами му се обратил на советникот со зборовите дека „итно мора да го напушти седиштето“. Го повикуваме министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против началникот и итно да постапи во Тетово и во ИЕ6“, рече Башким Асами, член на Вреди.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content