СДСМ му врати на Димитриевски, време е граѓаните да ја испорачаат сметката за предавството на партијата

Да, Максо. Време е. Време е граѓаните да ви ја испорачаат сметката. За предавство на партијата. За предавство на гласачите. За Пошта. За тендерите. Доста го крадевте буџетот на граѓаните на Македонија. ЗНАМ е здружение што го создаде и го финансираше Мицкоски. Сега ве финансира преку тендери. Ви го плаќаше уделот во тендер-коалицијата. Тоа здружение, ЗНАМ, повеќе не постои. Не постои во анкетите. Не постои кај граѓаните. Си одат пратеници. Си одат советниците по општините. Остануваат само Максо и Минчев. Останатите седат само уште малку, колку да си го наплатат предавството. Ете колку остана од ЗНАМ. А остана уште и граѓаните да ви ја испорачаат сметката. И да одговарате за криминал и корупција. Уште малку. Доаѓа времето на вистината и правдата. ЗНАМ тоа го знае“, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Претходно денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски од Струмица порача дека помина времето кога политичарите испарќаа пораки од скапи јахти.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content