Се намалува бројот на нови случаи со гастроентероколит во Гостивар, здравствените власти остануваат на терен

Министерството за здравство соопшти дека е забележан првичен пад на бројот на нови пациенти со симптоми на гастроентероколит во Гостивар, но нагласува дека состојбата и понатаму внимателно се следи од здравствените установи и епидемиолошките служби.

Според последните информации од Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, во текот на вчерашниот ден е регистрирано намалување на бројот на лица кои за првпат побарале лекарска помош поради симптоми на стомачни инфекции.

Досега во Општата болница Гостивар се евидентирани вкупно 1.554 пациенти, додека во Здравствениот дом биле прегледани 1.392 лица. Четирите пациенти кои претходно беа задржани на болничко лекување се пуштени дома, бидејќи нивната здравствена состојба е стабилна.

Паралелно продолжува епидемиолошката обработка на случаите. До овој момент се поднесени 140 формални пријави, а тимовите на Центарот за јавно здравје Тетово и Институтот за јавно здравје спровеле 81 епидемиолошка анкета.

Статистиката покажува дека на 19 јули биле регистрирани 564 новопрегледани пациенти, што е помалку во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 649 лица – највисок дневен број од почетокот на појавата.

Од Министерството за здравство информираат дека кај најголемиот дел од пациентите симптомите се со лесна клиничка слика, а надлежните институции продолжуваат со лабораториските анализи, епидемиолошките испитувања и превентивните мерки.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content