Од четврток нестабилно време во Македонија: Се очекуваат дожд, грмежи и локални невремиња

По периодот на стабилно и топло летно време, од четврток Македонија ја очекува промена на временската состојба, со зголемени услови за развој на грмотевични облаци, врнежи и локални невремиња.

Според метеоролозите, до среда (15 јули) ќе преовладува сончево и стабилно време, без значителна нестабилност. Температурите ќе се движат од 30 до 37 степени, а во Скопје и околината се очекува максимална температура околу 35 степени.

Во текот на понеделник и вторник повремено ќе дува засилен северен ветер, кој локално може да надминува брзина од 50 километри на час.

Промена на времето се очекува од четврток (16 јули), кога под влијание на висински циклонски систем над регионот ќе се создадат услови за нестабилна атмосфера. Тоа може да донесе развој на грмотевични јадра, локални врнежи од дожд, грмежи, а на места и појава на невреме.

Со промената ќе следува и постепено намалување на дневните температури, по краткотрајното зголемување на топлината во претходните денови.

Метеоролозите нагласуваат дека станува збор за седумдневна анализа, поради што се можни одредени промени во прогнозата зависно од атмосферските процеси, движењето на воздушните маси и временските системи над Европа.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content