Мицкоски: Очекувам намалување на цените на бензините за 2,5-3 денари, а дизелот за 7 денари

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, учествуваше на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Тој по официјалниот настан одговараше на новинарски прашања.

-Бројката од 55 танкери не е драматична, имајќи предвид дека таа бројка била и троцифрена на ден. Имајте предвид дека овие танкери додека стигнат до конечните дестинации ќе поминат можеби и еден месец или и повеќе, бидејќи се потебни 25-30 дена додека да сигннат таму кај што треба, изјави премиерот Мицкоски.

Тој потенцира дека очекува цената на барелот да се движи отприлика 80 долари за барел, со плус-муинус еден долар.

-Јас стојам на ставот дека нашите математики се тие, но да ги видиме математиките на Регулаторната комисија за енергетика, но очекувам поевтинување на бензините, за 2,5-3 денари и очекувам 7 денари поевтинување на дизелот по литар, ијзави Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content