Прилеп доби 8.318 нови канти за селекција на отпад, 126 нови контејнери и 3, од 9 специјализирани возила за собирање отпад од проектот за унапредување на системот за управување со отпад. За домаќинства се обезбедени канти од 120 литри за примарна селекција на отпад, кои ќе им бидат доделени бесплатно, додека 126 нови контејнери од 1,1 м³ ќе бидат поставени во градот и ќе ги заменат дотраените и оштетени садови за отпад.
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.