(ФОТО ГАЛЕРИЈА)Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник на новата градинка „Пролет“ во Општина Карпош, проект кој, како што истакна, има за цел да обезбеди современи и пристојни услови за најмладите.

Мицкоски нагласи дека секој нов објект од ваков тип претставува значаен исчекор во подобрувањето на условите за децата, но и сериозна поддршка за родителите.

„Еве почнуваме еден нов објект, убав објект којшто има за цел да обезбеди практично пристојни услови, современи услови за нашите најмлади, за децата, тоа што претставува наш врвен приоритет овде во Општина Карпош“, изјави премиерот.

Тој посочи дека Владата ќе продолжи да реализира проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, особено кога станува збор за најмладите генерации.

„Секој еден ваков почеток е нешто коешто претставува голем успех, во смисла на тоа дека ќе обезбедиме подобри услови за живот“, рече Мицкоски.

Според премиерот, новата градинка ќе биде простор во кој децата ќе учат, ќе се дружат и ќе го поминуваат времето во безбедна и квалитетна средина.

„Нашите најмлади, дечињата во овој објект, ќе учат, ќе другаруваат, нешто коешто за нас претставува врвен приоритет“, истакна Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content