Во стручните училишта двојно повеќе запишани ученици отколку во гимназиите, еве каде нема веќе слободни места

Врз основа на финализираните ранг-листи за првото пријавување на учениците за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое беше спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни 2026, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале 13 397 ученици.

Како што објави денеска МОН, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ученици за настава на албански јазик, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се 3010 ученици во гимназиско образование за настава на македонски јазик, 1165 ученици во гимназиско образование за настава на албански јазик, 89 ученици во гимназиско образование за настава на турски и 14 ученици во гимназиско образование за настава на српски јазик.

Во стручно образование за настава на македонски јазик на првото пријавување во јуни се запишани 6653 ученици, за албански јазик 2133 ученици, за настава на турски јазик 124 ученици

Сто и педесет ученици се запишале во уметничко образование (музичка уметност) за настава на македонски јазик, 59 ученици во уметничко образование (музичка уметност) за настава на албански јазик. Ликовна уметност во уметничкото образование процес на селекција.

Во согласност со Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта предвидено е во училиштата каде во ранг-листата има поголем број ученици со исти бодови да се организира квалификациско тестирање.

-Оваа учебна година беше потребно квалификациско тестирање во секторот здравство и социјална заштита, за квалификацијата фармацевтски техничар на албански наставен јазик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје. Учениците ќе полагаат квалификациски испит по биологија и хемија, согласно наставната програма по биологија и хемија од осмо и деветто одделение, кој ќе се организира на 22 јуни 2026 година во истото училиште. Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница, се наведува во објавата на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Според податоците на МОН, конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование на македонски наставен јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, во скопските гим,назии „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“ и во средните училишта „Методи Митевски Брицо“- Делчево, Наум Наумовски Борче“- Пробиштип и „Методи Митевски Брицо“ – Скопје.

Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве сектори/квалификации и училишта:

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content