Михаилов до Апасиев: “Че Гевара”, знам дека си јак на тастатура, собери храброст да се соочиме и на суд

“Че Гевара”, знам дека си јак на тастатура, ама кога уживаш да собираш лајкови на невистини, собери храброст да се соочиме и на суд, вели Кире Михаилов, во објава со фотографија на претседателот на Левица, Апасиев.

-Убаво ви беше кога го замајувавте народот, безочно лажевте, навредувавте и ме валкавте на секој можен начин, а? Зошто сега бегаш од соочување, се плашиш од суровата вистина?!? Болна е? Твојата партија Левица пред цели две недели уредно си го прими барањето од мене, а ти бегаш од доставата како ѓавол од темјан!
Ќе те најдат, без гајле! А всушност, зошто бегаш?!? Па не ли си јак правник?!? Чуму бегање од соочување на твој терен, онаму каде тврдиш дека си најјак?!? “Професоре по право”, не само што ќе ве тужам, туку ќе ве добијам во пакет, пишува тој на Фејсбук.

„И најважното, сите пари кои ќе ги платите ќе ги донирам на дечиња со посебни потреби, а оваа приказна ќе биде пример за тоа како не треба да се однесува политичар, ако всушност може да те наречеме дека си тоа, де“, напиша Михаилов.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content