Ќе ја изградиме државата за која сонуваа нашите родители, вели премиерот по повод 36-тиот роденден на партијата

Тој нагласи дека Македонија мора да забрза, не затоа што некој тоа го бара од нас, туку, рече, затоа што нашите граѓани го заслужуваат.

„И кога ќе нè прашаат што нè движеше во овие времиња, одговорот ќе биде едноставен: љубовта кон татковината, љубов посилна од сите пречки. Вера посилна од сите сомнежи. И народ посилен од сите предизвици“, истакна Мицкоски.

Порача дека почнува ново поглавје во кое нема да зборуваме за пропуштени шанси, туку за нови успеси.

„Ќе работиме повеќе, ќе се бориме посилно, ќе веруваме уште повеќе.  Нашиот народ низ историјата поминал низ премногу искушенија за денес да се плаши од предизвици. Премногу жртви се вградени во темелите на оваа држава за денес да дозволиме некој да нè убеди дека не можеме. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, други политички партии, неопределени… Премногу надеж има во очите на нашите деца за да се откажеме од иднината што ја заслужуваат. Затоа вечерва не зборуваме само за политика. Вечерва зборуваме и за судбината на нашата генерација. Зборуваме за тоа дали ќе бидеме поколението кое ќе се жали или поколението кое ќе создава. Дали ќе бидеме луѓето кои ќе бараат виновници или луѓето кои ќе градат решенија. Дали ќе бидеме сведоци на времето или творци на времето. Јас верувам во второто, да бидеме творци, да го создаваме времето“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата.

Како што рече, праќа порака дека Македонија повеќе нема време за стоење во место, нема да се враќа назад и нема да биде земја на изгубени можности.

„Пред нас има уште многу работа. Ќе има и пречки, ќе има и напади, ќе има и обиди да се сопре ова движење. Но има нешто што е посилно од сè. Посилно од секоја лага, посилно од секоја опструкција, од секој обид за поделба. Тоа е бескомпромисната волјата на народот. А кога народот ќе одлучи да оди напред, нема сила што може да го запре. И ќе ја изградиме државата за која сонуваа нашите родители и која ја заслужуваат нашите потомци, нашите деца“, порача Мицкоски од собирот во Струмица по повод 36. години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content