Софија нема интерес за ескалација, изјави бугарската министерка Петрова по најавите за блокади на македонско-бугарската граница
Ваквите акции ќе бидат контрапродуктивни, не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес на Бугарија,изјави министерката Петрова Чамова.
„Разбирам дека постои можност невладините организации или други структури да организираат вакви настани, но од наша страна е важно да се одржи многу цврста позиција со јасно изразени права што ги браниме“, рече Петрова Чамова и нагласи дека Бугарија нема интерес за ескалација на тензиите со соседната земја.
Според Петрова, Бугарија има доволно дипломатски механизми со кои може да ги заштити правата на Бугарите во Македонија и да ги брани своите ставови пред европските институции.
Антимакедонската бугарска фондација Македонија најави дека на 21 јуни два часа ќе ги блокира трите граничните премини на македонско-бугарската граница: Деве Баир, Делчево и Ново Село. Целта, според најавата, е да му се покажело на македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека не може да продолжи со наводниот прогон на Бугари во Македонија.
Блокадата следува по инцидентот во кој еден сторител запали две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје.
