Европратениците да гласаат за амандманот според кој билатералните протоколи не се дел од преговарачката рамка, побара Мицкоски

„Ако сака Европа да го задржи својот кредибилитет, тоа треба да го направи, треба да ја исправи неправдата што ѝ е нанесена на Македонија. Мислам дека тоа треба да се случи, европските пратеници треба да го поддржат и оној амандман во кој се нотираат придобивките и напредокот, но и оној дел во кој протоколите не се составен дел од преговарачката рамка. Ги охрабрувам и ги замолувам европратениците да се држат до европските вредности дефинирани од Шуман, Аденауер и Де Гаспери при формирањето на ЕУ“, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, за жал, некогаш вината треба да ја бараме и меѓу нас зашто во минатото имавме политичари медиокритети, кои им направија штета и на граѓаните и на државата.

„Но, затоа сега имаме генерација, и тука и во Европскиот парламент, која е подготвена таа штета да ја исправи“, потенцира премиерот одговорајќи на новинарски прашања.

Во врска со критиките од бугарските пратеници и претседателката Илијана Јотова за палењето на бугарските дипломатски возила во Скопје, Мицкоски уште еднаш повтори дека Владата најостро го осудува овој чин. Очекува, како што рече, и дека ќе биде расветлено сè што е во заднина на овој случај.

„Владата го осуди тоа и веднаш го обезбеди лицето сторител на овој кривично-правен чин. Трае распитот, одземени се и уредите за комуникација, да видиме дали и со кого имал комуникација, која е содржината. Распитот сè уште трае. Не би брзал со какви било квалификации од страна на нашиот источен сосед, но најсилно го осудуваме како Влада и ќе постапиме во рамките на законските ингеренции, очекувам дека ќе биде расветлено сè што е во заднина на овој случај“, напомена Мицкоски при посетата на реконструираната Општа болница во општина Струмица.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content