Муцунски и Мекенти разговараа за евроинтеграциите и продлабочување на соработката

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција во пресрет на претстојното ирско претседавање со Советот на Европската Унија, кое почнува на 1 јули. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана ирска поддршка на политиката на проширување и на европските аспирации на државата. Притоа ја нагласи цврстата определба на Владата за продолжување на реформскиот процес и напредокот на европскиот пат истакнувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и најсилен двигател на демократскиот, економскиот и општествениот развој“, стои во соопштението.

 

Од таму дополнуваат дека соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, при што се согласиле дека во услови на зголемени геополитички и безбедносни предизвици на Европа повеќе од кога било ѝ се потребни единство, солидарност и блиска соработка.

Во рамките на посетата, од Министерството информираат дека министерот Муцунски остварил средба и со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот парламент.

„На средбата беше разговарано за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите“, дополнуваат во соопшението.

Тој потенцирал дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content