Димитриевски: ЗНАМ влезе во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред

Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма, Димитриевски истакна дека мотивот на ЗНАМ за влез во Владата бил Македонците повеќе да не се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава.

Тој посочи дека ЗНАМ нема потпишано формален коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен, но по парламентарните избори била усогласена заедничка владина програма во која се вградени програмските приоритети на партијата.

Според Димитриевски, министрите од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев и Игор Филков, доследно ја реализираат владината програма во согласност со приоритетите од Реформската агенда. Како потврда за постигнатите резултати, тој потсети на оценките изнесени од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, при неговата посета на Македонија, кога бил истакнат напредокот во областите јавна администрација и владеење на правото.

Осврнувајќи се на уставните измени, Димитриевски повтори дека ставот на ЗНАМ останува непроменет и повторно го афирмираше концептот на условени уставни измени.

„Нашиот став останува непроменет. Концептот на условени уставни измени е решение што ги штити националните интереси и обезбедува јасни гаранции за државата и граѓаните“, истакна Димитриевски.

Тој порача дека ЗНАМ и натаму ќе делува како фактор на стабилност, реформи и заштита на државните и националните интереси, останувајќи доследен на ветувањата дадени пред граѓаните.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content