Митева: Нема мешање во правосудството, но нема ниту толеранција за корупцијата

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, се осврна на темата за правосудството за што кажа дека забавувањето на одредени процеси не значи дека правдата нема да биде задоволена, посочувајќи дека Владата презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството. Според неа, нема да има компромиси во борбата против криминалот и корупцијата.

-Ако процесот забавува, не значи дека правдата нема да ја има. Не можеме ние да делуваме со едни позиции во рамки на опозиција, со други во рамки на власт. Покренавме многу чекори кои што се донесуваа на правосудството, покренавме многу постапки, за кои што токму од овие денес кои ќе ви речат, ништо не се случува во правосудството, бевме обвинети дека правиме притисок, дека сакаме некого на сила да разрешуваме, дека ние можеме да ги мешаме прстите во тие делови, вели Митева.

Таа посочи дека има проактивност во делот на решавање на состојбите, и поред неа тоа е нешто што секоја влада треба да го направи.

-Имавме проактивност во делот на решавање на состојбите и навистина нешто кое што значеше и ветување, но и нешто природно кое што секоја влада треба да го направи, тогаш истите овие зборуваа дека ги мешаме прстите во правосудството во целина, за денес да кажат ништо не правите во делот на правосудството и корупцијата, кажа Митева и додаде:

„Сме Влада која што навистина ќе покаже различно ниво во овој дел. Нема компромиси кога станува збор за таквите состојбите. Покажавме и на дело дека нема привилегирани ниту ќе има. Тоа е начинот на којшто граѓаните ќе ја осетат насоката во која што се движиме, особено со криминалот и корупцијата и состојбите во правосудниот систем“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content