Откако му заврши музичката кариера по локалните меани, Наумоски од Ѓорче ќе се бори против корупцијата

Александар Наумоски, поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, а поставен за член на ИО на партијата од Филипче, денес говори за борба против корупција. Јавноста добро го памети Наумоски по тоа што уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата, а потоа по неговите настапи по локалните меани – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Наумовски од СДСМ што МИА ја пренесува интегрално.

Последните 6 месеци од мандатот се обиде да протурка 25 урбанистички планови, а во меѓувреме граѓаните ги примора да се соочуваат со проблеми како недостиг на вода, тука е и депонијата, па лажеше за нова амбуланта и голем мултифункционален објект во Дексион.

Инаку, во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат.

Со ова, Наумоски ги исполнува условите да биде дел од најтесниот круг во СДС, а тоа е криминалот и корупцијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content