ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на ставовите на пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска, оценувајќи дека за СДС македонскиот јазик претставува тема за политички маркетинг, а не за суштинска работа.

Во реакцијата се наведува дека додека Костадиновска-Стојчевска била на службени патувања, Министерството за култура и туризам работело на спроведување на законските обврски поврзани со употребата на македонскиот јазик.

Од партијата потсетуваат дека Законот за употреба на македонскиот јазик бил донесен во јануари 2024 година, а во јули 2025 година започнал со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, кој го посочуваат како прв ваков орган во државата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во тек е постапка за вработување на пет инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат соодветна обука и лиценцирање. Дополнително, се собираат податоци од државните институции за ангажираните лектори и за примената на законските одредби, по што Инспекторатот ќе преземе соодветни мерки.

Во реакцијата се наведува и дека е формирана работна група за подготовка на Национална стратегија за македонскиот јазик.

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критики до Костадиновска-Стојчевска, оценувајќи дека наместо политички обвинувања и барања за надзорни расправи, требало да се посвети на своите собраниски обврски.

-Македонскиот јазик не е политичка битка, туку државна и национална обврска. Ние работиме институционално и системски, а резултатите се постигнуваат со работа, а не со политички спектакли, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content