Во Владата денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети и следните чекори за спроведување на реформите, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук.
– Заеднички ја нагласивме важноста од ефикасна координација меѓу институциите и навремена реализација на предвидените активности – наведе тој во објавата.
Дополнува дека била потврдена и заложбата за продолжување на реформските процеси во насока на унапредување на системот и подобрување на услугите за граѓаните.
