ВРЕДИ: Пратеничката на ДУИ го разоткри лицемерието на Али Ахмети – крокодилски солзи во опозиција, молк во власт

ДУИ ја призна вината за Правосудниот испит. Шефицата на пратеничката група на ДУИ, Рина Ајдари, со свои зборови го кажа она што ВРЕДИ го тврди со месеци: ДУИ додека беше на власт, не им даваше приоритет ниту на албанскиот јазик, ниту на Правосудниот испит, велат од ВРЕДИ.

-Само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласа Законот за Правосудниот испит без негова усогласеност. Пратениците на Али Ахмети со својата рака и глас го потврдија дека овој испит ќе се полага само на македонски јазик.  Затоа, денес секој граѓанин јасно го гледа лицемерието на ДУИ, кога без срам излегува на протести за правосудниот испит. Тоа е потсмев кон Албанците и навреда на интелигенцијата на студентите, фактот што ДУИ протестира против самата себе, велат од ВРЕДИ.

Посочуваат дека е овозможено за првпат во историјата на државата Правосудниот испит да се полага на албански јазик.

-Имаме национална одговорност да ги коригираме сите штетни политики и полурешени решенија што ни ги остави наследство 20-годишната власт на Али Ахмети, истакнаа од ВРЕДИ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content