Министерството за правда контра ЛДП, Цветановски присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство
„Работната група функционира транспарентно, со учество на претставници на парламентарните политички партии и независни пратеници. Секој предлог и од институциите и граѓанскиот сектор е разгледуван и дискутиран, а процесот се води исклучиво во насока на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Оттука, обидите за создавање перцепција дека процесот е нетранспарентен претставуваат политички спин кој не соодветствува со фактите. Факт е дека Цветановски беше дел од дискусиите, ги слушна сите аргументи и имаше еднаква можност како и останатите учесници да придонесе во процесот“, информираат од Министерството за правда.
Нагласуваат дека Министерството останува посветено на инклузивен, отворен и демократски процес и оти ги повикува сите учесници наместо политички квалификации да придонесуваат со конструктивни предлози во интерес на граѓаните и на изборниот систем.
