Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

Рано наутро во понеделник, политичкиот аналитичар Арсим Зеколи почина на 60-годишна возраст.

Тажната вест ја објави неговиот брат, д-р Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи го семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок.

„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, се наведува во соопштението.

Семејството соопшти дека погребната церемонија ќе се одржи денес во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.

Арсим Зеколи беше амбасадор на  Македонија во организацијата на ОБСЕ во Виена, а е познат и како аналитичар на политички прашања и во Македонија и пошироко.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content