Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска.

Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“.

-Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и адолесцентите. Менталното здравје не смее да биде тема што се стигматизира или остава за подоцна. Нашата обврска е да создадеме систем што препознава, поддржува и интервенира навреме, особено кога станува збор за деца и адолесценти, истакна министерот Алиу.

Истовремено, во Институтот за јавно здравје беа претставени и новите капацитети на микробиолошките лаборатории, со нова опрема во вредност од 15 милиони денари, како и со ставање во функција на дополнителна опрема во вредност од околу 11 милиони денари, која со години не била користена.

Според министерот Алиу, ова претставува зајакнување на јавно-здравствениот систем, бидејќи овозможува поголем лабораториски капацитет, посовремена дијагностика и подобра подготвеност за одговор на здравствени предизвици.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content