Манасиевски: Филипче да престане да води политика во корист на Бугарија, а на штета на Македонија

-Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, посочи Валентин Манасиевски на прес-конференцијата во ВМРО-ДПМНЕ.

-Од Бугарија се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за власт би ги распродале и државните интереси.

Проблемот кај оваа мала група на политичари како Венко Филипче кој е и уценет од Бугарија, е што води иста политика која е на иста линија со Румен Радев и со тамошните власти. Филипче води штетна политика која нанесува огромна штета на Македонија, но исто така му штети и нему, а и на СДС.

И додека поранешни негови соработници велат дека не треба секој ден да излегува на прес-конференции и да бара уставни измени бидејќи со тоа покажува колку е тој очаен и безидеен, уценетиот Венко Филипче пак и денес со сигурност ќе излезе на прес-конференција и ќе рече дека уставните измени се решението и веќе утре сме дел од ЕУ.

Почитувани граѓани,

На Бугарија не и се брза, тие декади чекаа да дојде некој како Зоран Заев, па не им е проблем повторно да чекаат некој сличен во случајот како Венко Филипче, посочи Манасиевски.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content