На собрание на ЕФА Стерјовски ќе предложи резолуција за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија

На Генералното собрание, меѓу точките на дневниот ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена од МАЕИ за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија. Резолуцијата пред делегатите на ЕФА ќе ја образложи Стерјовски.

„Во рамките на собранието се предвидени и билатерални средби на Стерјовски со европратеници, претставници на политички партии од повеќе европски држави, како и со претставници на меѓународни организации кои се занимаваат со заштита на правата на националните малцинства“, информираа од МАЕИ.

Учеството на МАЕИ на Генералното собрание на ЕФА претставува значајна можност за афирмација на прашањата и предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија пред европската јавност и институции, велат од партијата.

Македонска алијанса за европска интеграција во 2024 година стана полноправна членка на Европската слободна алијанса. ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content