Мицкоски го чека предлогот на Мерц, како Македонија постепено би влегла во ЕУ

Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи.

„Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не би можел да збороувам ништо додека не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година и јас тоа го коментирав тогаш дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот…Она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот којшто ќе го имаме во Тиват од 4-ти до 5-ти јуни, јас ќе бидам таму. Со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и овие идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме  во јавност“, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content